СРБИЈА: ЕВАКУИРАНИ УЧЕНИЦИТЕ – Пронајдена бомба во дворот на основно училиште во Лозница

По пријавата веднаш пристигнале припадници на МВР на Србија и истрагата е во тек

Експлозивна направа била откриена во дворот на основното училиште „Јован Цвијиќ“ во Лозница, а надлежните веднаш откако ја пронашле ја алармирале полицијата.

Припадниците на МВР на Србија пристигнале веднаш по пријавата и истрагата е во тек, јавува Нова.рс.

Наставата е прекината, а децата и наставниот кадар се евакуирани.