Митева: Нови набавки во Министерството за образование и култура за дигитални текстови без објавена наставна програма

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини власта дека пет години не обезбедува учебници по странски јазици во основното образование.

„По брзата промена на сите програми за сите странски јазици, за сите паралелки во основното образование, ја откажаа и последната набавка. Иако беше најавен во мај 2023 година, дури сега беше откажан, со образложение дека немаат средства за оваа намена. Замислете, 5 години не можат да обезбедат средства за нешто што е законска обврска“, се вели во денешната партиска реакција.

Додаваат дека немале проблем да обезбедат милиони долари за нови дигитални текстови. Набавка од 500 илјади евра за дигитални текстови кои никој не ги користи, велат од опозициската партија.

„Сега повторно истата компанија е наградена со фантастични 800.000 евра. Иако првпат се изработуваа дигитални учебници за 4-то одделение, со новата набавка средствата повторно се доделуваат на истата фирма за дигиталните учебници, повторно за 4-то одделение!“, реагираат од партијата.

Од МОН побараа одговор дали планираат да го поделат овој тендер со иста фирма или овој пат планираат да го направат со друга позната фирма на која своевремено и дадоа фантастични 5 милиони евра за превод на училишни учебници.