Тошковски: Викендов ќе се одобруваат 20.000 лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети пунктот за фотографирање лични документи во полициската станица Пролет во Скопје.

Тошковски им се заблагодари на 40 работници од дирекциите за административни работи во Куманово, Велес, Штип и Тетово, кои вчера и денеска, како и во наредните викенди ќе дадат поддршка во процесот на одобрување на барањата за издавање лични документи. Тој им се заблагодари и на другите наши колеги од Скопје кои работат на тој план.

„Во текот на вчерашниот ден со заеднички напори беа одобрени околу 9.000 барања за издавање лични карти за жителите на Скопје, а се проценува дека од денеска ќе бидат одобрени околу 20.000“, рече Тошковски.