БОГАТИТЕ АРАПИ ИМААТ МАСТЕР-ПЛАН ЗА ФРАНЦУЗИНОТ – Килијан Мбапе се сели во Саудиска Арабија !? За една сезона спремни се да платат огромна вртоглава сума на пари…

Еден од најдобрите светски фудбалери, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе наскоро би можел да се пресели во Саудиска Арабија.

Килијан Мбапе не сакаше да потпише нов договор со Пари Сен Жермен, а кај челниците на клубот веќе „врие“ и повеќе не сметаат на својата најголема ѕвезда. Тие решија да го отстранат од клубот, го ставија на трансфер листа и се подготвени за разговори со заинтересираните клубови.

Килијан Мбапе склучи таен договор со Реал Мадрид односно следната сезона да се пресели во „Кралскиот клуб“ како слободен играч, а тоа не им се допадна на парижаните кои сакаат да заработат од него, па Французинот веќе е на продажба.

Поради превисокото обештетување (меѓу 150 и 200 милиони евра), ретко кој клуб во Европа може да си дозволи да го донесе во своите редови, па богатите екипи од Саудиска Арабија ќе се обидат да ја искористат ситуацијата.

Лудиот план што го смислиле може да ги задоволи сите вклучени во оваа сага.

Имено, англискиот новинар Бен Џејкобс открива дека еден од водечките клубови од Саудиска Арабија е подготвен да му плати обештетување на Пари Сен Жермен за да го доведе Килијан Мбапе.

Килијан Мбапе не размислува за преселба во Саудиска Арабија и познато е дека многу сака да го носи дресот на Реал Мадрид, а челниците на богатиот клуб се подготвени да му излезат во пресрет. Тој би можел една сезона да игра во најсилната саудиска лига, а следното лето ќе замине во Реал Мадрид како слободен играч.

Тоа би било „win-win“ ситуација за сите. ПСЖ би добил огромно обештетување, Килијан Мбапе не би ја поминал сезоната на трибините, клубот од Саудиска Арабија би добил еден од најдобрите играчи во светот, а Реал Мадрид за една година би ја добил најголемата желба за џабе пари.