ВИДЕО | ЅВЕЗДИТЕ ВО ДЕЛИРИУМ ОД МАЈСТОРИЈАТА НА ЛИОНЕЛ МЕСИ – Серена Вилијамс не знаеше што се случува, Викторија го прегрна Дејвид Бекам, а Ким Кардашијан остана во целосно неверување – погледнете ги реакциите!

Со чудесен гол на своето деби во дресот на Интер Мајами, неповторливиот Лионел Меси предизвика вистински делириум на стадионот!

Славниот Аргентинец влезе во 54. минута од натпреварот од Лига Купот против Круз Азул и стана херој на натпреварот веднаш на своето деби.

Во последните моменти од натпреварот при резултат од 1:1 беше досуден слободен удар за Интер МајамиЛионел Меси ја намести топката и погоди фантастично за конечни 2:1 и делириум на трибините.

По мајсторијата на Лионел Меси, камерите уловија одлични сцени. Големите светски ѕвезди кои го следеа овој натпревар беа во целосен транс. Серена Вилијамс врескаше од возбуда, а ријалити ѕвездата Ким Кардашијан која го следеше натпреварот во друштво на познатата тенисерка беше во потполно неверување, додека Викторија Бекам, сопругата на познатиот фудбалер и сопственик на клубот, Дејвид Бекам, среќно скокна во прегратките на својот сакан.

Погледнете го голот на Лионел Меси и емотивните реакции на познатите личности на трибините.