ФОТО | Пред Бали-бег, Фахрије Евџен била со актер кој добро го познавате: Тој е 14 години постар од неа, требало да се венчаат
Актерската двојка Фахрије Евџен и Бурак Озчивит ја освоија публиката во регионот со улогите во турските сапуници кои се многу популарни во последните години, а тие се заљубиле на снимањето.
Пред бракот со Бурак, кој се прослави со улогата на Бали-бег, Фахрије била со друг турски актер, кој ги освоил жените ширум светот, станува збор за Озџан Дениз. Фахрије и Озџан кои се прославија во серијата „Судбина“ биле заедно пет години.
Врската ја започнале во 2008 година, а разликата од 14 години не им пречела.
Двојката се запознала на снимањето на љубовниот филм „Ти си мој дом“, а брзо долетале искри и почнале да се гледаат.
Врската набрзо стана сериозна, Фахрије и Дениз се вериле и се било подготвено за да станат сопружници. Изгледаа многу хармонично, речиси никогаш не се разделија, а актерот замина во Германија, каде што е родена Фахрије и каде живеат нејзините родители, да ја побара нејзината рака.
Поради ова, сите беа шокирани кога раскинаа во 2013 година, а сè уште не е целосно јасно што доведе до колапс на љубовта. Се шпекулираше дека причината е прељубата, но се уште не се знае дали Фахрије го изневерувала Дениз со Бурак или тој ја изневерил со манекенката Бусе Нарси.
Во секој случај, набргу по раскинувањето, тие влегоа во нови врски, а се покажа дека Фахрије ја пронашла вистинската љубов во Бурак, бидејќи парот сега е во среќен брак и има две деца.
Дениз ги одбележа некои од најгледаните серии кои на нашите простори пристигнаа од неговата земја, пред се „Истанбулска невеста“ и „Судбина“.
Со оглед на тоа што важи за еден од најатрактивните актери во Турција, многумина се заинтересирани за неговиот љубовен живот кој во минатото бил многу интересен.
Дениз на почетокот на годината се ожени со иранската дизајнерка Самар Дагдар која е дури 23 години помлада од него а ова му е трет брак.