ФОТО | Премиерот Димитар Ковачевски пречекан од претседателот на Литванија и генералниот секретар на НАТО на Самитот во Вилнус

Премиерот Димитар Ковачевски на свечениот пречек на претседателите на делегациите, денеска во Вилнус на Самитот на НАТО беше пречекан од претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Гитанас Науседа, Јенс Столтенберг и Димитар Ковачевски

Како што соопшти владината прес-служба, Самитот на НАТО во Вилнус на едно место ги собра претставниците од 31 земја членка на Алијансата, претседатели на држави и влади на земјите партнери како Австралија, Украина, Грузија, Босна и Хервцеговина, Молдавија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, како и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија.

НАТО