Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Д.Д. (32 г.) од Скопје при што пронашле 30 кесички со марихуана, шест кесички со бела прашкаста материја, како и поголема количина на пари.
Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка до надлежното обвинителство.