ФОТО | Приведен прилепчанец, кај него се пронајдени оружје, муниција, дрога и предмети од кражби

Прилепската полиција го привела 44-годишниот прилепчанец со иницијали Д.С. зашто при претресот на неговиот дом биле пронајдени повеќе предмети за изработување оружје и од извршување кривично дело тешка кражба, како што се: солзавец, шишенца исполнети со течност, разновиден алат и друго.

Во викенд-куќата во мариовското село Бешиште, полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Прилеп и од Полициската станица Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, пронашле и одзеле прачки индустриски експлозив, спорогоречки штапини, детонатораки каписли, ловечка пушка калибар 12мм, делови од ловечка пушка, ловечки патрони калибар 12мм, куршуми од различен калибар, делови од растение канабис, дигитална вага, противпешадиска мина, рачна бомба, куршуми за карабин, една воздушна пушка и други предмети.

Четириест и четиригодишниот прилепчанец е задржан во прилепската полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.