ФОТО | Принцот Вилијам ја посети Кејт Мидлтон во болница – први фотографии од местото на настанот: Поради ситуацијата со принцезата тој ги одложи сите обврски
Принцот Вилијам денеска ја посети Кејт Мидлтон во лондонската болница каде е од завчера и каде и беше оперирана стомачна операција. Како што соопштија од Кенсингтонската палата, принцезата од Велс се чувствува добро и операцијата е успешно извршена.
Кејт Мидлтон ќе биде во болница 10 до 14 дена додека закрепнувањето ќе трае два до три месеци.
Вилијам беше фотографиран како заминува за Виндзор по посетата, а поради ситуацијата со Кејт Мидлтон ги одложи сите службени обврски и се посветува на грижата за нивните деца.