ФОТО | Принцот Хари и Меган Маркал додека бегале од папарацо-новинарите направиле неколку сообраќајни несреќи – принцезата Дијана поради тоа го загуби животот, а сега нејзиниот син го живее истиот пекол!

Меган Маркл и принцот Хари претходната вечер присуствуваа на специјалната церемонија на доделување награди во Њујорк, каде Меган Маркл доби специјална награда.

Сепак, настанот го одбележаа инциденти кои сите ги потсетија на кобната ноќ кога принцезата Дијана го загуби животот во 1997 година во Париз, Франција.

Меган Маркл и принцот Хари

Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни блиски судири во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца службеници на њујоршката полиција“, изјавил потпаролот на полицијата, пишува Daily Mail.

Немилите настани се случиле откако Меган Маркл и принцот Хари ја напуштиле церемонијата каде и била доделена наградата „Жена на визија“ за нејзината борба за родова еднаквост.

Меган Маркл
Меган Маркл и принцот Хари

Никогаш не е доцна за почеток. Можете да бидете визионери на вашиот живот. Има толку многу да се направи“, кажала меѓу другото Меган Маркл во својот говор за време на доделувањето на наградата.