ФОТО | Провокативната Италијанска тенисерка уште еднаш блесна на Инстаграм: На теренот не и оди многу добро, но затоа ги ‘запали’ социјалните мрежи со објавите
Италијанската тенисерка Камила Џорџи во своите зрели играчки години го сврте вниманието на јавноста кон себе, но не со одлични резултати на теренот, туку со провокативни објави на социјалните мрежи.
Додека се подготвува да се врати на теренот и да учествува на ВТА турнирот во Мексико, моментално 56-рангираната тенисерка во светот реши да ја разгори фантазијата на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа сподели неколку провокативни фотографии кои го воодушевија посилниот пол.
Оваа 31-годишна италијанска тенисерка од Тирена благодарение на своите провокативни објави стекна огромна популарност на социјалните мрежи, па моментално има 732 илјади следбеници на Инстаграм.
Благодарение на нејзините разголени фотографии, таа направи вистински метеж во светот на женскиот тенис и привлече големо внимание кај спонзорите.
Камила Џорџи има вкупно четири ВТА титули во кариерата, а најголем успех и е освојувањето на Мастерсот во Монтреал во 2021 година. Нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата е 26. место.