ФОТО | Провокативната мама во жешко издание – бремената Ријана позираше во минијатурен градник и танга и ги ‘запали’ социјалните мрежи – погледнете!
Пејачката Ријана (35 г.) самоуверено го покажа трудничкиот стомак додека позира во минијатурна долна облека на нејзините нови фотографии објавени на социјалната мрежа Инстаграм.
Пејачката позира во магацин пред полиците од различни ткаенини за да ја промовира својата линија Savage x Fenty, која ја лансираше во 2018 година.
Таа носела розов градник од колекцијата Sheer x Demi Spacer, чија цена моментално е нешто под 20 долари. За ова снимање, таа ја пуштила правата коса со шишки кои и го покриваат лицето. Како моден додаток таа носела само златна нараквица на левата рака. На втората фотографија таа шозира одзади за да ги истакне гаќичките Sheer x Thong кои може да се купат за нешто помалку од 7 долари.
Таа носела и пар светло розови потпетици кои одлично се совпаѓаат со бојата на нејзината долна облека. Нејзината шминка е гламурозна, а се истакнуваат и руменилото и контурите кои ги истакнуваат линиите на лицето.
Погледнете ги фотографиите ОВДЕ.
Работата како извршен директор на Savage x Fenty од Ријана ја презеде Хилари Супер овој јуни.
„Толку сум благодарна и возбудена што ја пречекувам Хилари Супер како наш извршен директор – таа е силен лидер и фокусирана на подигање на бизнисот на повисоко ниво“, изјавила пејачката за магазинот Vouge тогаш.
Поради успехот на Savage x Fenty и козметичката линија Fenty, Ријана го достигна статусот на милијардер уште во 2021 година. Покрај овој успех, Ријана е првата пејачка во историјата која има 10 песни со една милијарда стримови на платформата Spotify.