ФОТО | “РАЗМИСЛУВАВ ДА СЕ УБИЈАМ, НЕ МОЖЕВ ПОВЕЌЕ“ – Дани Алвеш заврши зад решетки, а неговата сопруга со потресна објава си ја отвори душата и го опиша пеколот низ кој поминала

Познатиот Бразилец Дани Алвеш веќе извесно време е зад решетки поради обвинувања за силување, а низ вистински пекол мина и неговата сопруга Џоана Санз, која си ја отвори душата за периодот низ кој поминала.

Дани Алвеш беше обвинет за силување девојка во ноќен клуб во Барселона на 30. декември минатата година, а беше уапсен кон средината на јануари и оттогаш е зад решетки и работите не му одат добро. Тој неколку пати ја менуваше изјавата, а сега ја чека пресудата која треба да се случи во февруари следната година.

Вистински пекол мина и сопругата на Дани Алвеш, Џоана Санз, која во меѓувреме побара развод, а подоцна се отвори за периодот низ кој поминала.

Мојот сопруг ме изневери во најтешкиот момент од мојот живот. Дури помислив да се убијам бидејќи не можев повеќе да издржам. Тешко ми беше да го надминам сето тоа и да продолжам понатаму, но успеав. Тоа е крајот на приказната за мене“, напиша Џоана Санз во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Џоана Санз
Џоана Санз

Рекла и дека целосно ја изгубила довербата во мажите, и дека ќе и биде многу тешко повторно да влезе во врска.

На Дани Алвеш му се заканува казна затвор од десет години, како и 150.000 евра кои ќе треба да и ги плати на жртвата доколку биде прогласена за вина.