ФОТО | РЕВОЛУЦИЈА ВО ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА – Кутиите цигари драстично се менуваат, погледнете!

По обврската за печатење одвратни фотографии кои требаше трајно да ги одвратат пушачите од уживањето во никотин, британските власти планираат да наметнат обврска на производителите на цигари и други тутунски производи да ставаат пораки на кутиите со цигари кои треба да им помогнат на пушачите да ја надминат зависноста.

Министерството за здравство на Велика Британија на јавна консултација го поднесе предлог-законот за новиот дизајн на кутии за цигари и други пакувања тутун. Тие предлагаат производителите на тутунски производи да бидат законски обврзани во секоја кутија цигари и во секое пакување режан тутун да стават влошка со охрабрувачка порака и совет како да се откажете од пушењето, пишува The Guardian.

Покрај пораките за здравствени придобивки, како што е намалување на ризикот од срцев удар, пораките ќе го нагласат и финансискиот аспект на одлуката да се откажете од пушењето. Британските пушачи, всушност, трошат во просек по две илјади фунти годишно на цигари.

Пушењето претставува голем товар за NHS (британската верзија на институција за здравствено осигурување), за економијата и за самите граѓани. Пушењето директно предизвикува низа здравствени проблеми, вклучувајќи рак и кардиоваскуларни болести, и ја чини економијата милијарди фунти секоја година. Со намалување на бројот на пушачи, ќе го намалиме притисокот врз здравствениот систем и ќе им помогнеме на луѓето да живеат поздрав живот“, изјавил министерот за здравство и социјална заштита Стив Баркли.

Според неговото министерство, секоја петта смрт од рак била поврзана со пушењето. Според британското биро за статистика, во 2021 година пушеле 13 отсто од возрасните граѓани, околу 6,6 милиони луѓе во Обединетото Кралство. Иако во последната деценија е намален процентот на пушачи, сепак Владата не е задоволна. Таа си постави амбициозна цел да ја направи Велика Британија „земја без чад“ до 2030 година, или поточно, да го намали процентот на пушачи во општата популација на под пет проценти.

слика

Министерството за здравство на Велика Британија проценува дека воведувањето на обврската за ставање влошки со упатства како да се престане со пушење во секоја кутија цигари може да доведе до откажување од тутунот дополнителни 30.000 луѓе.

Дебора Арнот, директорка на здружението против пушење, нагласува дека на пушачите им требаат во просек 30 обиди пред конечно да се ослободат од цигарите.

Затоа, од клучно значење е да ги поттикнеме да продолжат да се обидуваат да се откажат од пушењето“, вели Дебора Арнот.

Од друга страна, професорката Агнес Наирн, експерт за маркетинг од Универзитетот во Бристол, не верува дека владината кампања ќе ги постигне посакуваните резултати.

Инсертите (со мотивациони пораки и совети како да се откажете од пушењето) нема да наштетат, но веројатно овие пораки нема да имаат големо влијание за разбивање на физичката зависност“, нагласува Агнес Наирн.