ФОТО | Рита Ора знае како да привлече внимание! Поп-ѕвездата се соблече ‘гола’ и си ја отвори душата: “Вака изгледаше мојата потрага по вистинскиот“

Пејачката Рита Ора се соблече гола, седна во када и најави нови хитови кои планира да ги објави на 14. јули. Оваа 32-годишна поп ѕвезда дефинитивно знае како да привлече внимание.

Нејзиниот трет албум „You and me“ е целосно за „потрага по вистинскиот“, а излезе по нејзината венчавка со филмскиот режисер Таика Ваитити, која се одржа минатата година. Тоа е нејзин прв албум во последните пет години, но и прв откако потпиша договор со BMG.

слика
Рита Ора

Овој албум навистина многу ми значи. Тоа е како мојот дневник што го водам во последните неколку години, тоа е мојот звук и толку искрено пренесува се што сум денес“, изјавила Рита Ора за новиот албум, пренесува The Sun.

Го снимив моментот во мојот живот кога се заљубив. Има работи за кои зборувам, многу лични размислувања, за тоа што ми требаше да се одлучам за таа личност и да му се посветам. Бев многу храбра и самоуверена. Сама напишав многу песни на албумот, бев вклучена во секој дел од него, а да не бев, ќе ги сменев песните за да ми одговараат. Никогаш претходно не сум го направила тоа со албум“, објаснила таа.