ФОТО | Рита Ора ужива во убавините на Нов Зеланд, а нејзиното минијатурно бикини ја буди фантазијата на обожавателите

Рита Ора повторно ги остави своите следбеници без здив со новите фотографии од Нов Зеланд каде ја покажа својата прекрасна фигура во разголено дводелно црно бикини.

слика
Рита Ора

Всушност, таа ги „почести“ своите следбеници на социјалните мрежи со серија од воодушевувачки фотографии додека се подготвува да ја помине празничната сезона со нејзиниот 48-годишен сопруг Тајка Ваитити. Популарната пејачка претходниот викенд го помина на имотот „Piwakawaka Point“ во Нов Зеланд, родната земја на нејзиниот партнер, пишува The Sun.

Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави и неколку снимки на кои се гледа луксузниот имот во сиот негов сјај, а на една фотографија гледа во камерата додека позира во минијатурно бикини.

Нејзините русокоси прамени се врзани назад во „коњска“ опашка додека ужива во џакузи што има поглед на живописните планини.

слика
Рита Ора

Да потсетиме, Рита Ора на почетокот на август минатата година тајно се омажи за својот партнер, познат режисер. Парот се венча на интимна церемонија во Лондон, а дури на првата годишнина решија да споделат детали и фотографии од венчавката.