ФОТО | ‘РОДЕН ШАМПИОН’ – Марк Закерберг е нов првак во џиуџицу: Основачот на Фејсбук осови два медали и се пофали на Интернет

Милијардерот Марк Закерберг (38 г.) освоил два медали (златен и сребрен) на турнирот за боречки вештини – џиуџицу – што се одржал во средно училиште во Калифорнија, САД.

Учествував на мојот прв турнир во џиуџицу и освоив медали со мојот тим“, напишал Марк Закерберг во пораката објавена на социјалната мрежа Фејсбук, која набрзо доби повеќе од 40.000 коментари.

Марк Закерберг

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, компанија чија вредност е 83,1 милијарда долари, доби коментари од контраверзниот борецот на УФЦ Конор Мекгрегор и светскиот шампион во џиуџицу Бернардо Фарија.

Марк Закерберг откри во гостувањето на подкастот со Џо Роган во август 2022 година дека напорно тренира во оваа боречка вештина за да ја подобри својата енергија и да се фокусира на деловните предизвици. Тој тогаш кажа дека почнал да тренира џиуџицу за време на пандемијата со вирусот Ковид-19