ФОТО | ‘РУСИНКАТА ЗНАЕ КАКО ДА УЖИВА!’ – Погледнете со кои ѕвезди се дружеше Марија Шарапова во Монте Карло: Успешната тенисерка е вистинска сензација!
Марија Шарапова пред неколку години стави крај на тениската кариера, но и понатаму е магнет за спортските настани во светот.
Убава Русинка беше главна ѕвезда на Формула 1 трката што се возеше во неделата во Монако, на улиците на Монте Карло.
Марија Шарапова главната награда му ја додели на победникот Макс Верстапен пред организаторите на Ф1 на Монако.
За време на трката таа беше во друштво на Бразилецот Нејмар, фудбалската ѕвезда на ПСЖ, а заедничката фотографија таа ја сподели на социјалните мрежи.
Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.
Слободно може да се каже дека Русинката живее во потполност, откако во 2020 година на 32-годишна возраст ја заврши тениската кариера која беше полна со големи успеси. Марија Шарапова е свршена за британскиот бизнисмен Александар Гилкс, со кој е во врска од 2018 година. Во јули минатата година таа го роди синот Теодоро.