ФОТО | Сателитските снимки ги открија руските ‘змејски заби’! Владимир Путин се подготвува за војна како онаа од Првата светска војна: “Тоа е ужасна тактика…“

Иако армијата на претседателот на Русија, Владимир Путин, изгради импресивна мрежа на ровови низ Украина, прашање е колку всушност е ефикасна. Како што објави весникот Newsweek, во текот на изминатите неколку месеци, сателитите снимиле ровови и други пречки – бетонски бариери наречени „змејски заби“ – кои Русите интензивно ги градат во пресрет на долгонајавуваната украинска контраофанзива.

Русите успеаја да копаат во длабоки одбранбени линии… Нивните трупи создадоа и многу различни и доста напредни мински полиња во Украина“, неодамна изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за рововска војна.

Самиот концепт на рововска војна на почетокот ќе потсети многу на боиштата од Првата светска војна, но пензионираниот генерал на американската армија Џон Спенсер тврди дека рововите сè уште се „многу ефикасна тактика за држење на територијата“, дури и ако не се користат толку често како што беше случајот во минатиот век.

Рововите денес се поретки бидејќи армиите сè уште имаат способност да водат маневарска војна, пенетрацијата се создава со заедничка употреба на тенкови, авиони и радија“, објаснува Џон Спенсер за споменатиот весник.

Гај Мекардл, главен уредник на SOFREP (Извештај за специјалните оперативни сили), додава дека тој лично воопшто не е изненаден од фактот што мрежата руски ровови се шири низ Украина, додека линиите на фронтот во меѓувреме остануваат главно статични.

Рововска војна се води од двете страни во овој конфликт. Ниту Русите, ниту Украинците во моментов не можат да напредуваат, ниту пак сакаат да се повлечат. Слично е на Првата светска војна – ако немате многу супериорна сила, навистина немате избор – можете само да се обидете да го бомбардирате непријателот. Ова во Украина во голема мера се претвори во полска артилериска војна, во која рововите се гаѓаат од далечина, што е ужасен начин за борба“, тврди Гај Мекардл.

Но, за разлика од Првата светска војна, денешните армии имаат беспилотни летала.

Беспилотните летала секако можат да ја комплицираат рововската војна, но единиците во рововите сепак можат да се свртат кон дополнителни методи за прикривање – од кои едната е тешка мрежа за да се избегне откривање од дронови. Но, штом ќе се лоцираат позициите на рововите, армијата станува многу ранлива и многу повеќе изложена на непријателски оган. Затоа украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано бара од Западот борбени авиони, тие би можеле да му дадат неверојатно важно оружје за таргетирање на војската на Владимир Путин“, вели Џон Спенсер.

А имајќи предвид дека Русија веќе некое време се бори да регрутира нови војници, рововската војна во Украина наскоро би можела да добие нова, уште потешка димензија.

Русите изградија добри линии на ровови, но немаат војска која би била во истите тие ровови“, нагласува Џон Спенсер.