ФОТО | Северина повторно го избегнува судењето, моментално ужива во Мароко

Пејачката Северина имала ново судење закажано за вторник во Општинскиот граѓански суд во Загреб. Но, и овој пат не се појави, а причината може да биде патување во Мароко.

Како што јави 24сата.хр, ова е трето рочиште во судот во Загреб поради тужбата што против неа ја поднесе судијката Луција Ласиќ. Сепак, Северина решила да замине на егзотично патување во Мароко, а за нејзиниот случај се погрижил адвокат.

Северина во февруари го избегна и судењето со сестра ѝ, каде беше констатирано дека не се појавила поради „лоша здравствена состојба“, а во исто време уживала на Малдиви.

Инаку, судијката Ласиќ ја тужи Северина за повреда на правата на личноста, а таа бара отштета во износ од нешто помалку од 3.000 евра. Сепак, интересно е што целата постапка е затворена за јавноста. Како што е познато, неа ја застапува адвокатката Јасминка Билош, која истакна дека не смее да открива детали од судењето.

Хрватските медиуми понатаму јавуваат дека судот донел одлука дека сослушувањата се тајни и ниту една страна не смее да дава информации за судењето.

Да потсетиме, Ласиќ ја тужеше Северина уште во февруари 2020 година, за прекршување на личните права, бидејќи Северина во изјава за медиумите ја зема за личен пример, велејќи дека имала слична ситуација со судијката Луција Ласиќ.

Судијката Ласиќ беше во судскиот совет во Сплит кога Северина поднесе жалба на пресудата дека нејзиниот син Александар ќе живее со татко му Милан Поповиќ, со која и се ускратува правото на бројни прашања за одлуките во животот на нејзиниот син.