ФОТО | СЕЛИН ДИОН СЕ ПОЈАВИ ЗА ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО ПОЛОВИНА ГОДИНА – Славната пејачка се бори со болест која ги претвора луѓето во статуи, а погледнете како изгледа денес

Селин Дион се појави во јавноста после пет месеци, што ги натера сите да мислат дека нашла терапија која и помага во борбата со опасната болест.

Откако неколку пати ја одложуваше светската турнеја „Courage World Tour“ поради болеста, познатата пејачка со моќен глас, Селин Дион, донесе болна одлука да престане да настапува до понатамошно известување за да се посвети на закрепнувањето.

Селин Дион се бори со болест која ги претвора луѓето во „живи статуи“ додека постепено го уништува човечкото тело. Станува збор за синдром на вкочанета личност, кој, според експертите, е ретко, прогресивно невролошко нарушување кое може да предизвика вкочанетост на мускулите во градите, рацете и нозете.

Оваа болест погодува еден од милион луѓе, а иако нема лек, постојат третмани кои можат да го забават процесот на забавување на агресивноста на болеста.

Од моментот кога се дозна од која болест боледува пејачката, обожавателите ја опсипуваа со пораки за поддршка, но Селин Дион не се огласи на социјалните мрежи, ниту можеше да се види во јавноста.

Таа пред неколку дена беше во „T-Mobile Arena“ во Лас Вегас за да го бодри својот хокеарски тим, Монтреал Канадиенс, на натпреварот против Златните Витези.

Одлична посета во Лас Вегас вчера. Ви благодариме Селин Дион за вашата великодушност. Целиот тим е многу среќен што ве запознавме вас и вашето семејство“, напиша на социјалната мрежа Инстаграм ПР менаџерот на канадскиот клуб, Шантал Машаби, која објави и фотографии со пејачка.

Фотографијата од Селин Дион заедно со ПР менаџерот можете да ја погледнете ОВДЕ.

Се појави и видео од настанот, кое е доста охрабрувачко кога е во прашање здравјето на пејачката, со оглед на тоа што таа изгледа многу подобро отколку пред месеци, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Пејачката беше во друштво на синовите Рене Чарлс (22 г.) и близнаците Еди и Нелсон (13 г.) кои ги имаше со покојниот сопруг Рене Анџелил.

Корисниците на социјалната мрежа Инстаграм се воодушевени од скромноста и едноставноста на Селин Дион, на што се восхитуваат сите.