ФОТО | СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ДОБИ НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ – На неговото место во “Борис Трајковски“ оставена “злобна“ порака

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, на својата официјална страна на социјалната мрежа Фејсбук објави дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, добил „непријатна“ порака за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ во спортската сала „Борис Трајковски“.

Реакцијата односно информацијата е пренесена официјално од потпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

На масите во салата за состаноци на состанокот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“, гласи реакцијата на Марија Захарова.

пораката испратена до Сергеј Лавров

На местото што е резервирано за Сергеј Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје бил оставен лист со порака на која пишува – „резервирано за НАТО“.