ФОТО | СЕ ГРАДИ МЕГА-СТАДИОН СО КАПАЦИТЕТ ОД 113.000 МЕСТА – Дали токму овде ќе се игра следното финале на СП !?

Мароко воодушеви многу арапски навивачи со пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Катар, а за седум години имаат намера да го израдуваат целиот свет. А попатно планира да му го „украде“ и големото финале од Мадрид, односно стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

За што се работи ? Домаќини на следното Светско првенство ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко. Иако реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ би бил логичен избор за финалниот натпревар, ќе има опасна конкуренција на новиот стадион што Мароканците имаат намера да го изградат во своето најголемо пристаниште Казабланка.

Шпански AS пренесува дека супермодерната градба ќе има капацитет од дури 113.000 гледачи, што би требало да биде голема предност во кандидатурата за финалето на Светското првенство.

Погледнете како би изгледал стадионот во Казабланка ОВДЕ.