ФОТО | СЕ ПОЈАВИЈА ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ОЗОГЛАСЕНИОТ МОНСТРУМ – Погледнете како сега изгледа Јозеф Фрицл, човекот кој на својата ќерка и направи седум деца
Јозеф Фрицл (88 г.), австрискиот силувач, таткото кој својата ќерка ја држеше во заробеништво 24 години, наскоро би можел да биде на слобода. Тој е снимен утринава додека го носат од затворската ќелија во регионалниот суд.
Во регионалниот суд во Кремс, тричлен совет денеска ќе одлучува за барањето за условно ослободување што го побарал Јозеф Фрицл.
Медиумите ги објавија првите фотографии од Јозеф Фрицл по 15 години.
На нив се гледа како „чудовиштето“ седи на задното седиште во комбе зад затемнети стакла.
Јозеф Фрицл е придружуван од тројца судски службеници. Bild пишува дека осуденикот на смрт се смее.
Австриецот Јозеф Фрицл ја чувал својата ќерка во подземна визба во својот дом во Амштетен (Австрија) цели 24 години. Ја силувал илјада пати и ѝ станал татко на седум деца.
Откако тој доби право да поднесе барање за условно ослободување, совет од три судии – сите жени – на регионалниот суд во Кремс треба да одлучи за неговата иднина денес.