ФОТО | “СЕ СЕ СЛУЧИ ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ!“ – Босна и Херцеговина завиткана во црно: Ова се сите страшни детали за денешниот масакар и човекот-монструм што го потресе целиот регион – три мртви, три ранети…
Граѓаните на Градачац во Босна и Херцеговина, а особено сведоците, се во шок и неверување по монструмозниот чин на Нермин Сулејмановиќ кој уби три лица, рани три, а потоа се самоуби. Поради неговото однесување тој им бил познат на локалните граѓани од порано, но и на луѓето кои ги убил, особено таткото и синот со кои, како што дознава Klix.ba, бил во конфликт.
На улиците на Градачац владее молк и тишина, особено на местата каде Нермин Сулејмановиќ ги изврши трите брутални убиства и рани исто толку луѓе. Како што е познато, тој ја започнал својата крвава гозба во викендица, каде ја убил сопругата пред очите на јавноста. Овој чин го направил на тој начин што преку социјалната мрежа Инстаграм пренесувал се во живо, пишува Klix.ba.
Според досегашните информации од истрагата, тој потоа влегол во својот автомобил, упатувајќи се кон центарот на Градачац, со намера да продолжи со својата, подоцна ќе се испостави, крвава одмазда.
Застанал во близина на ресторан, по што со неколку истрели од пиштол тешко ранил млад човек. Тој 23-годишник починал во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, каде докторите се обиделе да го реанимираат.
„Се се случи за неколку моменти. Излегов од мојот објект да услужам муштерија, по што тој пристигна со автомобил. Многу брзо испука два истрела во правец на маж кој беше во друг автомобил, по што се оддалечи“, вели очевидците на настанот за локалните медиуми.
После тоа, Нермин Сулејмановиќ заминал на друга локација каде убил уште едно машко лице. Подоцна било утврдено дека тој е татко на човекот што претходно го убил во автомобилот во близина на ресторанот.
„Тие беа во конфликт од порано. Започнаа некој заеднички бизнис во кој не успеаја, имаа несогласувања. Нивниот односно дополнително го продлабочиле одредени несогласувања кои ги имале во приватниот живот, а тоа е всушност форма на негова одмазда“, истакнува еден очевидец за босанските медиуми.
По тројното убиство, тој во меѓувреме ранил три лица, од кои едното полицаец, Нермин Сулејмановиќ се оддалечил од градот и се самоубил во локалитет на населбата Леденице. Некое време пред тоа тој во живо разговарал со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, поради што на многумина уште повеќе им „замрзнала“ крвта во вените.
Граѓаните на Градачац се уште се во шок и неверување, а новинарите на Klix.ba го продолжиле патувањето низ градот и успеале да поразговараат со уште еден средовечен маж.
„Не го познавав лично Нермин Сулејмановиќ, но можам да кажам дека неговото однесување беше непримерно, според она што го видов на градските улици. Сите бевме многу вознемирени во текот на целиот ден. Ќе треба време да се смириме“, истакнува овој човек за споменатиот босански медиуми.
Министерот за внатрешни работи на БиХ, Хајрудин Механовиќ, изјави дека според досегашната истрага било утврдено дека Нермин Сулејмановиќ убивал луѓе намерно од одмазда.
„Ова е еден од најтешките денови за Градачац во контекст на неговата безбедност, но и во контекст на сложеноста на полициската работа. Ги ставивме на располагање сите ресурси, а крајниот резултат е три убиства и самоубиство, со три повредени“, наведува Хајрудин Механовиќ.
Како што вели тој, Нермин Сулејмановиќ веќе и бил познат на полицијата по своето криминално и општествено неприфатливо однесување.
„Истрагата ќе покаже какви врски постоеле меѓу лицата што ги убил, освен полицаецот кој бил ранет на службена должност. Исто така, досега е констатирано дека немал дозвола за оружјето што го поседувал поради неговото претходно однесување“, нагласува министерот, пренесуваат тамошните медиуми.
Тој наведува дека во потера против Нермин Сулејмановиќ биле вклучени и други полициски агенции, меѓу кои и окружната полиција Брчко, СИПА, ОСА, ФУП и МВР на Република Српска.
Нермин Сулејмановиќ се самоубил во моментот кога полицијата го опколила, официјално е потврдено. Во моментов во болницата се наоѓаат две повредени лица и тоа маж и жена. Како што потврдиле за Klix.ba од Универзитетскиот клинички центар во Тузла, жената е во тешка состојба и докторите се борат за нејзиниот живот, додека мажот е стабилен.