ФОТО | Силен земјотрес ја погоди Грција! Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море а истиот потресе познат туристички ресорт
Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Според Европскиот сеизмолошки институт, земјотресот е регистриран на околу 158 километри североисточно од Ираклион.
Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од 112 километри. Засега нема информации за евентуална штета или повредени.