ФОТО | Славниот актер Џони Деп го наслика својот автопортрет: “Сликата е одраз на пет болни години од мојот живот“ – погледнете

Џони Деп го претстави својот автопортрет „Five“ вреден околу 2.200 евра, кој го насликал во еден од најтемните периоди од својот живот. 

Актерот (60 г.), пренесува Daily Mail, рекол дека сликата е одраз на петте болни години од правната битка со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Поранешната двојка се бореше на двете страни на Атлантикот повеќе од шест години откако актерката (37г.) јавно тврдеше дека била жртва на семејно насилство за време на нивниот 15-месечен брак, што Џони Деп жестоко го негираше.

Во декември минатата година, адвокатите на актерот изјавија дека – „Џони Деп со задоволство ја затвора вратата на ова болно поглавје“ по завршувањето на постапката.

Во четвртокот, Џони Деп гордо ги покажа своите уметнички дела засновани на фотографија направена за парфемите на Christian Dior во 2015 година.

Фотографијата е искористена за да го објави Џони Деп како заштитно лице на Dior во снимањето во режија на францускиот креативен директор Жан-Батист Мондино. Актерот ја избрал оваа слика токму во чест на Dior и лојалноста што секогаш му ја покажуваат, дури и за време на неговата приватна агонија.