ФОТО | СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ ПАРАЛИЗИРАШЕ ПОЛОВИНА БАЛКАН – Луѓето се борат со снежната бура, во соседството паднаа над 80 сантиметри снег

Силно невреме придружено со ветер, ниски температури и снежни врнежи во неделата зафати поголеми делови од Романија, Бугарија, источните делови на Србија и територијата на Молдавија.

Според романските медиуми, снег паднал во главниот град Букурешт, но и во регионот Тулче, кој се наоѓа на границата со Украина. Во неделата во Букурешт биле оштетени девет автомобили, додека паднале 11 дрвја.

Кога се зборува за регионот на Тулче, ситуацијата била особено тешка на неколку главни патишта каде што многу автомобили биле заглавени на патиштата.

Според податоците на Инспекторатот за вонредни состојби, пријавено било дека на коловозот биле заглавени 15 возила со околу 32 лица. До крајот на денот регистрирани биле 78 заглавени возила со околу 63 лица. Спасувачите веднаш тргнале во акција. Во регионот на Тулче без струја останале 47.119 домаќинства во 53 населени места, пренесуваат тамошните медиуми.

слика

Спасувачите морале да спасуваат и туристи и планинари во масивот Маранг.

Зборуваме за организирана група. Се чини дека бројот на инструктори кои биле со оваа група е многу мал, непропорционален на големиот број туристи. Жално е што луѓето дојдоа во време кога се предвидуваше невреме. Веќе имаме слој снег од 15 сантиметри, паѓа два-три дена. Затоа нема услови за пешачење“, објаснуваат од спасувачката служба на Романија.

Слична ситуација била и во Бугарија, каде снег ги зафати југозападните делови од земјата.

Жолтото предупредување останува во сила за пет области во земјата, и тоа Софија, Перник, Ќустендил и Благоевград“, се наведува во медиумските извештаји.

Исто така, осум автобуси со 500 патници биле блокирани цела ноќ на делот од патот што ги поврзува Бугарија и Романија.

Снежното невреме го блокираше сообраќајот во североисточна Бугарија. Повеќе од 1.000 населени места останаа без струја“, пишуваат соседните медиуми.

Слични временски услови се очекуваат и во наредните денови, а метеоролозите најавија дека времето ќе се стабилизира дури кон крајот на неделата.

Снегот што падна минатиот викенд во соседна Србија предизвика проблеми во повеќе делови од земјата. Во повеќе од 30 општини беше прогласена вонредна состојба, а илјадници домаќинства беа отсечени од светот.

Вонредна состојба од вчера има во Ивањица, Бабушница, Нова Вароша, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава, каде сите патишта се под наноси од снег.

Јавното претпријатие „Патишта Србија“ соопшти дека патните правци од прв и втор приоритет се проодни, но дека на некои патни правци има и до десет сантиметри снег. Непроодни се патиштата во Црна Трава, Сјеница, Тутин и Бабушница, а проодни се приодите кон зимските туристички центри.

Најмногу проблеми со снег има во југозападна и западна Србија, а најтежок моментално во Нова Варош. Околу 1.500 домаќинства трет ден по ред се без струја, но денеска се очекува да се санираат дефектите.

Во самиот град наврнале околу 30 сантиметри снег, а во селата дури 80 сантиметри. Исто така, без струја се околу илјада домаќинства во Пријепоље и Прибој. Од RTS известуваат и дека на пат кон Златибор нема снег, но возачите да бидат внимателни поради можна појава на мраз.