Јовановска од Макпетрол петта на турнирот од Премиер карате лигата во Португалија

Викторија Јовановска го освои петтото место, а Петар Заборски се пласира на деветтата позиција на турнирот од светската премиер карате лига што викендот се одржа во Матосинхос, Португалија.

Претставниците на најтрофејната македонска екипа, Макпетрол, се натпреваруваа во борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји.

Јовановска извојува четири победи, а во полуфиналето загуби од Ешли Какиај од Холандија. Во борбата за медал водеше со 4:3 на девет секунди до крајот на мечот, но не успеа да го зачува водството и мораше да се задоволи со високата петта позиција.

Во борбите на Карате 1 Серија А во Португалија, неколку каратисти на Макпетрол забележаа по две победи, но не успеаја да стигнат до одличје.