ФОТО | Сопругата на Вил Смит по пет години ја покажа својата фризура! Поради тешка болест таа остана ќелава, но погледнете како изгледа сега

Џејда Пинкет Смит, сопругата на холивудската ѕвезда Вил Смит, со години ја бричи главата поради алопеција, проретчена состојба поради која ја изгубила косата. 

Џејда Пинкет Смит ја покажа својата нова фризура во објава на социјалната мрежа Инстаграм, покажувајќи како и пораснала косата. „Оваа коса овде делува како да се обидува да се врати. Сè уште имам неколку проблематични области, но ќе видиме“, напиша таа во објавата на својот профил.

Сопругата на Вил Смит за прв пат проговори за нејзиното опаѓање пред пет години. „Многу луѓе прашуваа зошто носам марами. Не е лесно да се зборува. Еден ден бев под туш и имав големи прамени коса во моите раце и само помислив – ‘О, Боже мој, дали наскоро ќе бидам ќелава ?’. Буквално се тресев од страв“, изјави тогаш таа.

Џејда Пинкет Смит

Таа веќе неколку години носи многу кратка коса бидејќи во 2018 година и беше дијагностицирана алопеција. Тоа е болест која предизвикува опаѓање на косата. Иако може да се случи насекаде по телото, најчесто се случува на главата. Причините можат да бидат наследни, медицински или поради хормонални промени. Џејда Пинкет Смит јавно проговори за болеста и стравот, како и за терапијата која не и помогнала.

Да потсетиме, минатата година Холивуд го потресе скандал кога комичарот Крис Рок се пошегува на сметка на нејзината кратка коса. Тој и кажа дека ќе глуми во вториот дел од филмот „GI Jane“, во кој Деми Мур беше ќелава. Тоа беше моментот кога Вил Смит излезе на сцената и го удри со шамар по лицето, што го пренесоа сите светски медиуми. Погледнете ја најновата фотографија што ја објави Џејда Пинкет Смит: