ФОТО | СРЕЌЕН КРАЈ НА ДРАМАТА ВО СЛОВЕНИЈА – Семејството и двајцата водичи спасени од пештерата: Објавено колку долго траела спасувачката акција
Тричлено семејство, мајка, ќерка и очув, заедно со двајца водичи, од саботата попладне беа заробени во пештерата „Крижна Јама“ во Словенија откако нивото на водата се подигна, а денес конечно ја здогледале светлината на денот.
Пет лица се спасени благодарение на големите напори на спасувачите кои денес поради падот на нивото на водата им пришле и ги евакуирале надвор.
Евакуацијата траела од 9 до 15 часот, кога спасувачите успеале да го извлечат првиот човек на безбедно.
За потсетување, тие беа заробени во пештерата од саботата попладне, на околу 2,4 километри од влезот, по покачувањето на нивото на водата.
Нивото на водата почна да опаѓа во неделата навечер, а конечната одлука спасувачите ја донеле денес по проценка на состојбата која ги затекна утрово. Спасувачите утрово околу девет часот влегле во пештерата и извршиле проценка, по што започнале со евакуација.