ВИДЕО | Снегот и бурниот ветер предизвикаа хаос на автопатот меѓу Србија и Хрватска: Регистрирани неколку сообраќајни несреќи

Поради неповолните временски услови и голомразицата на коловозот, се случија серија судири на автопатот меѓу Србија и Хрватска.

Како што пишува Telegraf.rs, сообраќајот дополнително го отежнува снегот и силниот бурен ветер.

Во една сообраќајна незгода камион се свртел за 180 степени, а во друга што се случила на само половина километар се судриле два автомобила.

Надлежните во Србија ги предупредуваат возачите да возат внимателно.

За многумина се наближува првиот работен ден по божиќните празници, поради што сообраќајот е зголемен на сите поголеми сообраќајници како и на приодите кон градовите. Промената на времето и врнежите го отежнуваат возењето со формирање на снежна покривка во пониските предели. Поради ниските температури на места можна е појава на голомразица на патиштата, особено на делниците кои се протегаат покрај речните текови, по котлините и клисурите“, велат надлежните органи од Србија.