ВИДЕО | Снимка од која се заледува крвта во вените: Два автомобили за дел од секунда се претвориле во ‘ѓубре’ метал – погледнете ја ужасната несреќа!

Две лица го загубиле животот откако огромна карпа паднала врз нивните автомобили поради лизгање на земјиштето во индискиот град Нагаланд, а дополнително уште три лица се тешко повредени во несреќата на автопатот 29, пишува Firstpost.com.

Несреќата се случила во округот Чумукедима, меѓу Димапур и Кохима, околу 17 часот по локално време во вторникот.

Во ужасното видео кое сега стана вирално на Интернет, може да се види како голема карпа се тркала и удира во два автомобили еден по друг со сета своја сила. Двата автомобили веднаш биле претворени во куп метал.

Несреќата ја снимила камера на контролната табла на возилото кое се наоѓало зад повредените автомобили.

Едното лице починало на лице место, додека другото им подлегнало на повредите во болница.

Местото каде што се случи несреќата се нарекува ‘пекол’ и е познато по одрони и несреќи“, изјавил министерот Неифиу Рио, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Неифиу Рио рекол и дека неговата Влада ги презема сите неопходни чекори за да им обезбеди на повредените потребната медицинска помош. Тој најави и финансиска помош за семејствата на секоја жртва.