ПЛЕЈБОЈ ЗАЈАЧИЦА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА 45 ГОДИНИ: Семејството и пријателите ВО ШОК, се простија од неа со трогателни зборови

Моделот Масуими Макс , познат по сликите за „Плејбој“ и „Максим“, е пронајден мртов во Лас Вегас.

Зајачицата на Плејбој, Масуми Макс, била пронајдена мртва во нејзиниот дом од лекарите од ЕМС, откако во раните утрински часови денеска бил упатен итен повик до полицијата во Лас Вегас.

Засега нема сомнеж дека се работи за кривично дело, пренесува TMZ.

Истрагата за смртта на младата жена е во тек, а за сега не се соопштуваат други детали. Пораките на неверување и последно збогување веќе се слеваат, бидејќи нејзините пријатели и семејството се оставени да жалат за нивната загуба.

Масуими Макс

„Многу сум благодарна што повторно се поврзавме, ви благодарам што бевте мој ментор кога првпат започнав во оваа индустрија, и што ми ја дадовте можноста… Не можам да верувам дека ова е реално“, напиша нејзината пријателка на Инстаграм.

„Почивај во рајот убавице, отсекогаш мислев дека си вистинска рок ѕвезда. Многу сум тажен од веста за твоето заминување. звучеше уште еден коментар.

Масуими ја започна својата кариера во 2000 година и брзо се најде на насловните страници на Плејбој, Максим и други фетиш списанија, а потоа влезе во светот на актерството. Таа се појави во акциониот филм „XXX: State of the Union“ заедно со Семјуел Л. Џексон. Старлетата требаше да се појави на настанот „Vegas Chaos“ на 27 јануари во Лас Вегас.