ФОТО | Српската ТВ водителка заспа во студио за време на работа – фотографијата стана хит во регионот: “Немав поим што всушност се случува“
Водителката на Дневник на РТС, Ивона Пантелиќ, ги насмеа следбениците на социјалните мрежи со смешна анегдота од студиото која ја објави на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа на својот профил објавува секојдневни моменти од приватниот и деловниот живот, а во најновата објава може да се види како „дреме“ во студио.
Имено, тој ден и било лошо и имала висока температура, па за време на паузата решила да си ги „одмори очите“, а нејзината колешка ја снимила се.
„Ништо не навестуваше дека имам температура од 38 степени, освен што се чувствував малку поспано“, напишала таа во описот на фотографијата.