ФОТО | Стево Пендаровски присуствуваше на настанот “За Маестрото“ по повод роденденот на Александар Џамбазов

Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со сопругата, присуствуваше на настанот „За Маестрото“ со кој на македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов, по повод роденденот, му беше оддадена почит.

Со големо задоволство денеска со Бети присуствувавме на културен настан посветен на великанот на македонската популарна и детска музика, Александар Џамбазов, токму на неговиот роденден. Имавме можност да ја разгледаме книгата ‘Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата‘ којашто беше промовирана и којашто претставува вистинска музичка ризница од композиции за деца на маестро Џамбазов, подготвена од авторите Бранка Костиќ- Марковиќ и Марко Коловски“, напиша претседателот Стево Пендаровски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Во срцето на Дебар Маало, додава Стево Пендаровски, беше откриен мурал со ликот на Александар Џамбазов и неговите „славејчиња“, дело на уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка.

Заедно со дел од поранешните ‘славејчиња’ сите присутни ги запеаја незаборавните детски песни ‘Песна за Скопје’, ‘За сите деца’, ‘Мојата учителка’ и ‘Еј, гулаби, гулаби бели’“, наведува Стево Пендаровски.