ФОТО | Страсни бакнежи и милувања: Славниот пар не се грижеше за погледите на присутните и се впушти во жешка акција среде плажа – погледнете!
Манекенката Хајди Клум (50 г.) и нејзиниот сопруг Том Каулиц (33 г.) се препуштија на нежности во водата на плажа на Сардинија, а вештото око на папараците ги фати сочните бакнежи и страсните прегратки на славната двојка на која не им беше грижа од другите присутни.
50-годишната убавица се пофали со завидна фигура во минијатурно црно бикини со дијамантски накит за тело, кој беше прилагодена верзија на дизајнот на Jacquie Aiche, чија вредност се проценува на 15.500 долари.
Изгледа дека парот решил да ја „рашири својата љубов“ низ цела Италија, па на почетокот на месецов тие биле видени како се гушкаат во Венеција, а Том Каулиц потоа започнал гласини за можна бременост бидејќи бил виден како го гали стомакот на Хајди Клум. На парот во Венеција им се придружил нејзината 13-годишна ќерка Лу, која ја има со нејзиниот поранешен сопруг Сил. Покрај Лу, двојката ги има и синовите Хенри (17 г.) и Јохан (16 г.), а во брак беа од 2005 до 2014 година.
Хајди Клум и Том Каулиц тајно се венчаа во 2019 година. Ова е трет брак на манекенката, а се чини дека сега се посреќни од кога било…