ФОТО | СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЧЕШКА – Се судрија два автобуси: Десетици повредени, возачот мртов: “Не можевме да му помогнеме…“

Возач на автобус загина, а 76 лица се повредени во судир на два автобуса на автопат на југот на Чешка, соопштија во понеделникот полицијата и спасувачите.

Еден возач почина на местото на настанот“, објави полицијата во објава на социјалната мрежа Твитер.

слика

Портпаролот на регионалната кризна служба Лукаш Дворачек изјави за медиумската агенција AFP дека возачот починал пред да пристигне помошта.

Не можевме да му помогнеме“, рекол тој, додавајќи дека 14 лица се тешко повредени и дека животот на некои е во опасност.

Несреќата се случила во понеделникот околу 16 часот по средноевропско време во близина на Брно, на југоисток, на автопатот меѓу тој град и словачкиот главен град Братислава.

Портпаролот на регионалната полиција, Дејвид Чалупка, изјави дека загинатиот возач удрил со својот автобус во задниот дел од автобусот пред него.

слика

Чешката државна телевизија наведува дека автобусот напред бил на редовна линија од Будимпешта до Прага и припаѓал на компанијата Flixbus.

Регионалниот гувернер, Јан Гролич, на државната телевизија изјави дека во еден автобус имало странци, најверојатно од Индија.

Чешката државна телевизија наведува дека меѓу патниците имало и саудиски државјани.

На местото на настанот биле испратени 26 возила на итната помош и три хеликоптери за да им помогнат на настраданите, соопштија спасувачите.

слика