ФОТО | Судар на автобус и камион во Италија, повредени повеќе од десет украински туристи

ДЕСЕТ лица се полесно повредени, а три потешко во тешка автобуска несреќа на автопатот А4 во северна Италија, соопштија пожарникарите, додавајќи дека повеќето од нив се туристи од Украина. Несреќата се случила синоќа откако автобус се судрил со камион. Во автобусот главно се превезувале украински туристи, меѓу кои и неколку деца, јавија италијанските медиуми.

Автобусот удрил во задниот дел на камионот

Според првичните информации, автобусот удрил во задниот дел на камион на автопатот А4 кон Трст, меѓу Латисана и Сан Џорго ди Ногаро, во северниот италијански регион Фриули-Венеција Џулија.

На местото на несреќата се испратени десет противпожарни единици за да ги извлечат патниците од автобусот. Два хеликоптери беа во подготвеност за транспорт на повредените во болница, а вклучена е и цивилната одбрана. Поради несреќата сообраќајот е во прекин, а возачите кои пристигнувале од правец на Венеција морале да излезат од автопатот кај Латисана.