ФОТО | ‘Султанот’ на голема турнеја низ Персискиот залив: Реџеп Таип Ердоган и саудискиот принц потпишаа голем број билатерални договори
Саудиска Арабија и Турција потпишаа серија меморандуми за разбирање во многу области, вклучувајќи ги енергетиката, директните инвестиции и одбранбената индустрија, објави саудиската државна медиумска агенција SPA рано наутро во вторникот.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман беа сведоци на церемонијата на потпишување на билатералните договори меѓу двете земји, објави SPA.
Кралството потпиша и два договори со турската одбранбена компанија Baykar.
Реџеп Таип Ердоган се состана со принцот престолонаследник во понеделникот доцна навечер, додава SPA.
Тој пристигна во кралството порано во понеделникот на првата станица од турнејата во Персискиот залив со „големи надежи“ за инвестиции и финансии додека Турција се обидува да ги намали буџетските притисоци, хроничната инфлација и слабеењето на валутата.
Турнејата на Реџеп Таип Ердоган низ земјите од Заливот, во која се Катар и ОАЕ, треба да заврши на 19. јули.