Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска.
„Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни“, напиша Јенс Столтенберг во објава на социјалната мрежа Твитер.