ФОТО | “Таа е најубавата жена!“ – Познатата актерка изгледа подобро од било кога во минијатурно бикини: Никогаш не би погодиле колку години има таа…
Актерката Хедер Греам, во најмала рака, изгледа сензационално во бело бикини. Холивудската ѕвезда (53 г.) со своите обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм ги споделила своите фотографии направени на плажа во Јамајка, пишува Daily Mail.
„Благодарна сум што можам да поминувам време на оваа прекрасна плажа“, напишала таа во описот на објавата. Нејзиниот профил го следат 469 илјади луѓе, а нејзините обожаватели со воодушевување ја пофалија завидната форма на актерката.
„Сè уште си најубавата жена што некогаш ја красела планетата Земја“, гласи еден од коментарите под фотографиите.
Погледнете ги фотографиите ОВДЕ.
Овие фотографии Хедер Греам ги објави откако во едно неодамнешно интервју го истакна сексизмот во Холивуд и општеството. Актерката истакна дека не постои возраст во која жените несмеат да се чувствуваат добро во својата кожа.
„Се чини дека нема возраст во која навистина ни е дозволено да се чувствуваме добро, освен можеби за многу краток временски период. Остатокот од времето треба да се чувствуваме како – премногу сум млада или премногу стара“, објаснила таа неодамна за магазинот NewBeauty. Но, ѕвездата на „Austin Powers“ најде начин да се справи со наметнатата фрустрација и да остане среќна и смирена.