ФОТО | ТАА УСПЕА ДА ГО ШАРМИРА И НОВАК ЃОКОВИЌ – Водителката која го освои срцето на многу спортски асови никој не ја очекуваше во ова издание

За време на Рајдер Купот во Рим, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се дружеше со асови од различни спортови кои учествуваа во „All-Star“ натпреварот со него, но и со неговиот колега од ИталијаМатео Беретини, со кој направи селфи.

Очекувано привлекоа големо внимание, но шоуто го украде девојката на Матео Беретини која беше водителка на натпреварувачката церемонија, додека Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини седеа еден до друг во публиката.

Италијанецот важи за една од најпосакуваните тенисери, а пред повеќе од година и пол ја осови и Мелиса Сата (37 г.), која е постара десет години.

Фасцинантната италијанска манекенка и спортска новинарка, позната е по бракот со фудбалерот Кевин Принс Боатенг, но и по наводната афера со починатиот НБА ас Коби Брајант, која за малку ќе го чинеше брак.

Мелиса Сата

Фудбалерот Кевин Принс Боатенг често се повредувал додека бил со Мелиса Сата, причината наводно се криела во премногу секс, а за тоа придонесе и самата водителка со изјава од 2012 година.

Матео Беретини летово беше нападнат од верните обожаватели од истата причина штом нивниот миленик беше елиминиран од Вимблдон.

На Матео Беретини и Мелиса Сата не им е гајле и нивната љубов процвета, а таа како водителка на програмата ја изненади публиката бидејќи не се облече оскудно како што знае, туку многу поформално – во панталони и сако, но и во ова издание ги остава без здив речиси сите…

Погледнете како изгледаше Мелиса Сата на Рајдер Купот ОВДЕ.