ФОТО | Теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ “Ова е Македонија за сите“ денес во посета на  Лозово, Зелениково, Дојран…

Во рамки на теренската активност „Ова е Макеоднија за сите“ претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска посетија повеќе населени места. 

Координаторот на пратеничката група на партијата заедно со други членови на ВМРО-ДПМНЕ беше во општина Лозово.  

Откупот на грозје е најголем проблем во општина Лозово, десниот магистрален канал целосно руиниран“, изјави Мицевски

Тој додаде дека голем проблем е што во овој крај питка вода за пиење од хидросистемот Злетовица нема, а властите молчат.

Дополнително на тоа увозот на евтина работна сила  од Индија веќе е реалност во нашата држава. Нашите млади образовани кадри заминуваат, работат по белосвет, а во нашата држава се увезуваат Индијци за работа“, рекол Мицевски

Како што се наведува во соопштението од партијата, тој вели дека нивната коалиција има решенија за овие проблеми. 

Проблемите се исти, проблемите ги тиштат граѓаните буквално секој ден затоа што оваа Влада на Димитар Ковачевски направи катастрофа низ цела Македонија во секое село и општина. Тука сме да ја најавиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, рекол членот на ИК на партијата Владимир Ѓорчев кој беше во неколку села во Дојран

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков заедно со други претставници на партијата беше во општина Зелениково и ги посети Ново Село, Пакошево и Страхојадица

Генерално жителите од овие населени места се незадоволни од односот и третманот на Владата“, изјави Љутков

Како што посочи тој, од владата нема никаква поддршка за поголеми проекти и инвестиција во општина Зелениково.