ФОТО | Тесно боди, минијатурна танга и долги нозе – една од најубавите манекенки во светот ја разбуди имагинацијата на совите обожаватели со ова смело издание

Популарната манекенка Кендал Џенер по Мет Гала вечерата присуствуваше на афтер-забавата во клубот Zero Bond во Њујорк, а вниманието на светската јавност го привлече со својот необичен стајлинг.

Една од сестрите од семејството Кардашијан-Џенер носеше раскошна комбинација составена од проѕирно, ситно и тенко „одело“, кое го комплетираше со мал топ, танга и бисерни ременчиња. Она што беше особено интересно е што нејзиното ново момче, раперот Бад Бани и правеше друштво во текот на целиот настан.

Кендал Џенер

Проѕирната облека на 27-годишната девојка, дизајнирана од албанската дизајнерка Ненси Џока, беше инспирирана од креацијата на модниот бренд Channel во пролетта 1994 година и ги имаше гореспоменатите бисерни ремени и слој од црна ткаенина над нејзините клучни коски. 

Кендал Џенер го комплетираше „аутфитот“ за афтер-забавата со црни потпетици, впечатливи обетки и излижана фризура до половина.

Кендал Џенер