ФОТО | УЖАС – 19 деца го изгубија животот! Девојче предизвикало пожар бидејќи и го одзеле мобилниот телефон…
Пожарот кој во неделата ги однесе животите на 19 млади луѓе во училишен дом во Гвајана, го подметнала тинејџерка која не била задоволна што службениците на училиштето и го одзеле мобилниот телефон, соопштиле тамошните власти за France Press.
„Студентката е осомничена дека предизвикала разорен пожар бидејќи и бил одземен мобилниот телефон“, се вели во соопштението од полицијата во вторник.
Пожарот избувнал во неделата вечерта во Махдија, рударски град во Гвајана, мала земја каде се зборува англиски јазик во Јужна Америка. „Официјалните лица од студентскиот дом и го одзеле мобилниот телефон и девојката се заканила дека ќе ја запали зградата истата вечер и сите ја слушнале“, изјавил во вторникот за AFP владин извор, кој сакал да остане анонимен, додавајќи дека девојката ги признала фактите.
„Студентите не смеат да имаат мобилни телефони. Полицајците ја пронашле таа девојка со телефонот. Очигледно таа испраќала фотографии“, рекол изворот.
Малолетничката, моментално е хоспитализирана под полициски надзор, а таа овој грозоморен чин го направила од бањата, каде ја испрскала завесата со инсектицид и ја запалила со кибрит. Неколку млади девојки ја кажале истата верзија за причината за несреќата.
Според зборовите на учениците, тие спиеле и биле разбудени поради врескање. Во бањата забележале оган и чад кој брзо се проширил низ зградата која делумно е направена од дрво.
Драмата дополнително ја влошило тоа што управителот на домот во паника не успеал да го најде клучот од излезната врата од зградата чии прозорци имале решетки. Вратите се заклучувале секоја вечер во 21 часот, објавуваат тамошните медиуми.
Момчињата ја скршиле вратата за да им дозволат на преживеаните да избегаат. Пожарникарите и полицијата пристигнале 25 минути по почетокот на катастрофата.
Гвајана, мала и сиромашна земја од 800.000 жители на англиски јазик, поранешна холандска, а потоа британска колонија, има најголеми резерви на нафта по глава на жител во светот и очекува брз развој во блиска иднина кога резервите ќе почнат да се трошат, што е само почеток.