ФОТО | “УЖИВАЈТЕ МОМЦИ!“ – Интернетот и ја даде титулата ‘најубавата жена на светот’, а обожавателите останаа без здив по нејзината нова објава во минијатурно бело бикини – погледнете!

Англиската актерка, комичарка и телевизиско лице Емили Атак (33 г.) е прогласена за „најубава жена на планетата“ откако објави фотографија во бикини. Таа беше модел за сопствената колекција создадена во соработка со Newlook и одлучи да ги сподели фотографиите на својот профил на социјалнат мрежа Инстаграм.

Емили Атак позираше во дводелно бело бикини на плажа со бела кошула обвиткана над неа, а носела и црни очила за сонце, додека долгата руса коса ја врзала во пунџа.

Мојата летна колекција со Newlook официјално излезе! Се забавувавме на ова снимање и ми се допаѓа секој дел од него. Уживајте, момци!“ напиша таа во описот на објавата, а обожавателите на Инстаграм очигледно уживаа во фотографиите.

Погледнете ја објавата ОВДЕ.

Толку си убава, блескаш! Ми се допаѓа бикинито“, „Те сакам Емили, одлично изгледаш“, вака гласат само дел од коментарите под објавата.

Иако оваа убавица беше прогласена за „најубавата жена на светот“ од нејзините обожаватели, Емили Атак неколку објави претходно во коментарите се пресмета со следбеник кој ја обвини дека бара внимание и предизвикува сексуални коментари.

Емили Атак долго време се мачи со оваа тема и злобните коментари, што резултираше со документарниот филм „Emily Attack: Asking for it“ кој истражува зошто секојдневно е сексуално вознемирувана на Интернет и зошто вината за несаканото сексуално внимание најчесто завршува со жртва.

За потсетување, Емили Атак е позната по серијата „The Inbetweeners“ и филмовите „Iron Sky: The Coming Race“, „Outside Bet“ и „Get Lucky“. Од 2020 година таа води сопствена хумористична емисија „The Emily Attack Show“, а нејзините шеги најчесто се тема на интерес на младите жени.