ФОТО | УКРАИНЦИТЕ ГО УБИЛЕ КОМАНДАНТ НА ​​ЦРНОМОРСКАТА ФЛОТА !? Тврдат дека бил убиен во ракетен напад над Севастопол со уште 34 руски офицери

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, го објави тврдењето на силите за специјални операции дека во ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, Крим, загинал нејзиниот командант, адмирал Виктор Соколов.

Според истото тврдење, покрај Виктор Соколов, таму загинале уште 34 руски офицери, а 105 биле ранети.

Зградата односно штабот на Црноморската флота не може повторно да се изгради“, објави на социјалната мрежа Х (Твитер) Антон Герашченко, наведувајќи ги како извор на овие тврдења силите за специјални операции на Украина.

Севастопол
сателитска снимка од нападот на Севастопол

Ако ова тврдење е точно, адмирал Виктор Соколов е најстариот руски офицер што е убиен од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

BBC во петокот објави дека нападот бил извршен за време на состанокот на командантите на флотата, а украинската Армија тврди дека нападот резултирал со многу мртви и ранети.

Истиот ден Русија објави дека по нападот исчезнал еден морнар.

Како можен одговор на овој напад, руската Армија синоќа лансираше ракети и беспилотни летала кон пристаништето Одеса, при што една жена е ранета, а зградите и пристаништето се сериозно оштетени.

Тамошните медиуми ги објавија изјавите на Службата за итни случаи на Одеса во кои се вели дека во нападот бил уништен хотелот „Одеса“, кој се наоѓал во тоа пристаниште на Црното Море.

Хотелот во пристаништето во Одеса беше обележје и голема атракција за сите што некогаш биле во градот. Денеска Русија го уништи“, соопшти службата.