ФОТО | “УМИРАВ ОД БОЛКА!“ – Тинејџер додека ја средувал градината дошол во контакт со многу опасно растение: “На кожата ќе и требаат години да закрепне!“ – погледнете!

Ирски тинејџер се занимавал со градинарство во куќата на неговиот сосед во Лисонаг, кога дошол во контакт со џиновска трева, растение познато и како џиновска свинска трева. 

Несвесен за опасноста, Џејден Ченон (14 г.) ја косел тревата и набрзо завршил во болница каде примил морфин за да се справи со болките, пишува Daily Mail.

слика

Тој ја средуваше градината и користеше со косилка. Очигледно не ја сфати опасноста иако му реков дека требало да облече долги панталони и маица. Кога стана следното утро, осипот се прошири на неговите раце, нозе и вратот, а подоцна се претвори во огромни плускавци“, изјавила бабата на момчето, Анемари Ченон, за тамошните медиуми.

Во Универзитетската болница Типерари во Клонмел, тој им покажал на докторите фотографии од тревата што ја косел и дознал дека тоа е џиновска свинска трева. Тој помина три дена во болница.

Имаше комбинација од изгореници од втор и трет степен, хронични болки, едвај одеше поради многубројните плускавци, а еден од деновите поминати во болница мораа да го стават на морфиум бидејќи не ги поднесуваше болките. Бев шокирана што растението направи толкава штета“, кажала бабата на несреќното момче.

Сокот од растението ја спречува кожата да се заштити од сончевите зраци, што доведува до изгореници. Работите да бидат уште полоши, тој не предизвикува непосредна болка, поради што жртвите продолжуваат да се изложуваат на сонце како да немаат проблем и на сокот му треба само момент да ја заврши својата работа.

За среќа, раните на ова 14-годишно момче не се заразиле и тој сега е на пат кон закрепнување, но постои шанса да поминат години за да се врати неговата кожа во нормала.

слика

Ќе мора да нанесе екстремно силен крем за сончање и би можел да биде чувствителен на сонце долго време“, тврдат докторите од споменатата болница.

Ова растение првично потекнува од Кавказ, било увезено во Велика Британија и Ирска во 1800-тите години како украсно растение, но неговото ширење излегло од контрола. Мајк Дади, од агенцијата Mersey Basin Rivers Trust, во 2015 година изјави дека џиновската свинска трева е без сомнение најопасното растение во Велика Британија.